Руските органи негираат дека организаторите на нападот „се заразиле со радикален ислам на Кавказот“.
Руската влада помага во истрага на ФБИ, соопшти за РИА Новости претставник од амбасадата на САД во Москва. Според неговите зборови, група соработници на американската амбасада во Москва заминале во Дагестан за да се сретнат со родителите на Џохар и Тамерлан Царнаев, осомничени за терористичкиот напад за време на бостонскиот маратон.
Како што соопштуваат руските медиуми, дипломатите сакале да дознаат што правел Царнаев во Дагестан во 2012 година. Како што е познато, постариот од браќата во 2012 година поминал шест месеци во Дагестан, република во Русија која граничи со Чеченија.
Меѓутоа, министерот за внатрешни работи на Дагестан изјави дека Тамерлан Царнаев за време на својот престој во републиката не контактирал со локалните исламисти.
„Според нашите податоци, Царнаев навистина доаѓал во Дагестан во 2012 година за да си го обнови рускиот пасош. Сепак, според зборовите на неговиот татко, Анзор Царнаев, неговиот син се наоѓал во републиката само 3-4 дена, и без да го дочека пасошот, заминал“, изјави Магомедов, министер за внатрешни работи на Дагестан.
Претходно секретарот на Советот за безбедност на републиката, Мохамед Баачилов изјави дека осомничениот за терористичкиот напад во Бостон, Тамерлан Царнаев не можел да ја помине екстремистичка обука во Дагестан, бидејќи би паднал во очите на локалните сили кои се борат против нив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче