Роман Абрамович – најдарежлив милијардер

Роман Абрамович лидира во списокот на најдарежливите милијардери кои своите пари ги даваат во добротворни цели.

Роман Абрамович лидира во списокот на најдарежливите милијардери кои своите пари ги даваат во добротворни цели. Ова е наведено во списокот составен од агенцијата Блумберг. Сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ го надмина дури и најбогатиот Русин според парите дадени во благотворни цели.

За последниве три години Роман Абрамович, кој се наоѓа на осмата позиција според богатство меѓу Русите, дал 310 милиони долари во благотворни цели. Поголемиот дел од парите заминале за поддршка на инфраструктурата и за јавни проекти на Чукотка, каде Абрамович беше гувернер од 2000 до 2008 година. Од 1999 година неговите инвестиции во изградба на Чукотка изнесуваат 2,5 милијарди долари, односно по околу 179 милиони долари годишно. Со парите Абрамович градел болници, школи и друга инфраструктура.

Второто место според парите дадени за благотворни цели го зазема најбогатиот Русин – Алишер Усманов, кој дал 247 милиони долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.