Опери, прослави: во Москва се ќе одржи XII велигденски фестивал

Велигденскиот фестивал во Русија ќе се одржи по 12 пат.

Велигденскиот фестивал во Русија ќе се одржи по 12 пат. Од 5 до 16 мај оркестарот на Маринскиот театар, солистите и хоровите ќе ја поминат цела Европска Русија, ќе исполнат неколку опери и ќе настапуваат во салите и на плоштадите.

Велигденскиот фестивал започна да се одржува во 2002 година – тогаш Гергиев и градоначалникот на Москва смислија проект за фестивал како оние што се одржуваат во европските градови. Оваа идеја му се допадна и на патријархот и на претседателот.

Фестивалот дополнително доби на тежина со вклучувањето на 9 мај, Денот на победата над фашизмот.

Максими на фестивалот се – образование, просветителство и добротворност, па затоа концертите во провинцијата обично се бесплатни, иако таму има доволно луѓе кои се подготвени да платат за прекрасните концерти за исклучителниот оркестар под раководство на диригентот Валериј Гергиев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња