Што претставува Економскиот форум во Санкт Петербург?

Економскиот форум во Санкт Петербург ги собира клучните претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот.

Економскиот форум во Санкт Петербург ги собира клучните претставници на меѓународната бизнис заедница, политичката и економската елита на светот.

Минатата година учествуваа шефовите на Goldman Sachs, Лојд Бланкфејн, основачот на Mangrove Capital Partners, Џерард Лопес и лауреатот за Нобеловата награда - Хенри Кисинџер.

Освен средби и разговори со познати економисти и претставници од финансиските пазари во светот, на Меѓународниот економски форум се одржува и традиционален самит на енергетските компании. Минатата година „Роснефт“ потпиша неколку договори со Eni и Statoil околу Арктикот, добивајќи пристап кон Европа, Северна Африка и други активи.

Треба да се забележи дека за време на своето постоење Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург помина долг пат. Ако до средината на 2000-те тој имал локален карактер, а бројноста на учесниците не надминувала 2.000, од 2005-та година на него има сѐ поголем број учесници, мотивирани од учеството на најголемите фирми во светот.

„МЕФ во Санкт Петербург стана еталон за форумите во Русија“, изјави заменикот на Министерот за економски развој, Олег Фомичев.

Досега на форумот се потпишани 84 договори, а само девет од нив се во вредност од 8.760.000.000 евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња