Русија и ЕУ сакаат заеднички енергетски пазар до 2050 година

Нов стратешки договор меѓу Русија и ЕУ.

Рускиот министер за енергетика, Александр Новак и Комесарот за енергија во ЕУ, Гунтер Отингер потпишаа договор за соработка во сферата на енергетиката меѓу Русија и ЕУ во периодот до 2050 година. Ова е „симбол на нашата добра енергетска соработка“, изјави претставникот на Отингер. Новак го опиша документот како „продукт на компромис“.

Стратешката цел на оваа соработка е да се создаде „паневропски енергетски простор“ до средината на 21 век, со интегрирана инфраструктура и конкурентни пазари. До 2050, Русија и ЕУ се договорија да ја хармонизираат нивната енергетска легислатива, да ги усогласат енергетските системи или системите за електрична енергија, како и да ги симна бариерите во нафтената индустрија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња