Рамзан Кадиров го истепа на ринг својот министер за спорт поради лоша зграда

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров најде нов начин за казнување на своите потчинети.

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров најде нов начин за казнување на своите потчинети. Тој решил да се тепа со нив на боксерски ринг. Првиот чиновник кој го почувствувал на своја кожа овој начин на казнување е министерот за физичка култура и спорт на Чеченија, Саламбек Исмаилов.

Пред неколку дена Кадиров го посетил министерството за спорт, при што бил зачуден од надворешниот изглед на зградата. „Зошто зградата на министерството изгледа толку лошо? Овде за две недели треба да се заврши со капитален ремонт, а министерот вечерва ќе ми биде спаринг-партнер, и тоа без заштитен шлем!“, напишал претседателот на Чеченија кај себе во Инстаграм.

Ветувањето тој го исполнил со тоа што објавил фотографија од боксерскиот меч со министерот за спорт.

Боксерскиот меч го гледале министерот за труд и социјална заштита на Русија, Максим Тополини и министерот за труд на Чеченија, Мохмад Ахмадов. „Ќе биде ли казнет Ахмадов ќе биде познато после утрешниот состанок“, додал Кадиров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња