„Однесувањето на американските специјални служби и чиновници, меко кажано, е чудно - на тоа ме наведуваат мене мислите. Јас не верувам дека браќата Царнаеви се дел од „неактивна исламска група“, изјави за весникот Взглјад вице-претседателот на Меѓународната Асоцијација на ветерани за антитерористички акции „Алфа“, Алексеј Филатов. Тој смета дека Американците скриваат важна информација, а околу терористичкиот напад ќе се појавуваат многу апсурди.
Аналитичарите од целиот свет продолжуваат да погодуваат кој стоел зад браќата Царнаеви и какви биле мотивите на бостонските терористи.
Financial Times смета дека Американците почнале да ја проверуваат возможната врска на постариот од браќата со т.н. „Имарат Кавказ“ - терористичка група која ја презеде одговорноста за нападот во аеродромот Домодедово во 2011 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче