Ловците убиле во Јакутија повеќе од 580 волци од почетокот на годината

Ловците во Јакутија од почетокот на 2013 година убиле 583 волка, што е речиси 2,5 пати повеќе од истиот период во минатата година.

Ловците во Јакутија од почетокот на 2013 година убиле 583 волка, што е речиси 2,5 пати повеќе од истиот период во минатата година, соопштува Министерството за земјоделство во републиката. Шефот на Јакутија, Егор Борисов поради зголемениот број волци во почетокот на 2013 година изјави дека ќе воведе вонредна состојба во републиката, ограничувајќи се на тромесечна акција за намалување на бројот на волци.

Само во 2012 година од волците биле убиени околу 16.000 елени.

„За време на тромесечната акција од ловците се убиени 583 волка. Организирани се 188 бригади и 620 луѓе, како и 175 единици техника“, соопштува министерството.

За еден убиен волк предвидена е награда од 30.000 денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња