Кризата не ѝ се заканува на Русија со невработеност

Кризата нема да ја зголеми невработеноста во Русија. Напротив, наместо раст на невработеноста - ќе се зголеми уделот на сивата економија и работењето „на диво“.

Кризата нема да ја зголеми невработеноста во Русија. Напротив, наместо раст на невработеноста - ќе се зголеми уделот на сивата економија и работењето „на диво“. Според податоците на Росстат, вработеноста во неформалниот сектор изнесува 23 милиона луѓе, и таа цифра во следниве неколку години може само да расте. Државата не создава услови за да може неформалниот бизнис да се легализира, и тоа доведува не само до намалени приходи од даноци, туку и го кочи економскиот раст. Реалноста е таква, што „белиот“ сектор се намалува, а „сивиот“ се зголемува, а за сметка на тоа официјалното ниво на невработеност се намалува.

Неформалниот сектор на вработени во Европа и Северна Америка изнесува околу 15% од целото работоспособно население, во Русија и Источна Европа 15%-30%, а во Африка и Латинска Америка дури до 80%.

Во Русија 47% од работниците би работеле за „плата во коверт“, а само 31% никогаш не би работеле каде даваат „плата во коверт“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.