Како да се забрза економскиот раст во Русија?

Претседателот Владимир Путин за време на состанокот во Сочи побара од министрите да најдат начин да го забрзаат економскиот раст во Русија.

Претседателот Владимир Путин за време на состанокот во Сочи побара од министрите да најдат начин да го забрзаат економскиот раст во Русија. Растот на економијата на Русија веќе е намален - официјалната прогноза изнесува 2,4%, наспрема 3,3% кои претходно биле планирани. „Кај нас такво нешто одамна се нема случено“, изјави Путин.

Експертите сметаат дека не треба да се смета на буџетот за да се извади економијата од забавувањето, а исто така, поради глобалната нестабилност, не треба да се драматизира ситуацијата во Русија, бидејќи земјата има големи валутни и златни резерви.

Според министерот за економски развој, Андреј Белоусов, забавувањето на економскиот раст е предизвикан од внатрешни, а не од надворешни фактори.

Дојдено е до консензус да се продолжи со поддршката на инфраструктурните проекти, зголемување на трошоците за здравството и образованието - но во исто време - да се намалат трошоците за поддршка на државните корпорации.

Дури и при стагнација на економијата, експертите решија дека нема да се земаат средства од Резервниот фонд, кој се полни со средства од нафтените приходи „за црни денови“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња