Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Борис Елцин.

На 23 април 2007 година почина Борис Николаевич Елцин, првиот претседател на Руската Федерација (1991-1999).

Во 1985 година Борис Елцин застана на чело на одделот за градежништво на ЦК КПСС во Москва, стана секретар на ЦК КПСС, а потоа и прв секретар на Московскиот градски совет на КПСС. Во 1987 година настапи на октомврискиот пленум на ЦК КПСС со критика насочена кон еден од членовите на Политбирото, после што бил отстранет од раководството на градскиот совет.

Во 1990 година за прв пат е избран за претседател на Врховниот Совет на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република. На 12 јуни 1991 година е избран за прв претседател на Руската Федерација.

На 31 декември 1999 година Елцин објави дека си дава оставка и доброволно ги предаде претседателските овластувања на Владимир Путин до истекувањето на претседателскиот мандат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.