Припадници на радикалното талибанско движење на истокот на Авганистан киднапираа еден руски граѓанин, седмина турски инженери, еден граѓанин на Киргистан и нивниот водич од Авганистан. Тие со хеликоптер Ми-8 летале во Кабул, но морале принудно да слетаат во авганистанската провинција Логар.
Според информациите на Министерството за надворешни работи на Русија, со хеликоптерот управува рускиот државјанин Павел Петрович Петренко. Хеликоптерот Ми-8 е во сопствеништво на авиокомпанијата за чартер летови Хорасан Карго. Талибаните сѐ уште не поставиле услови за нивното ослободување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче