Русија е прва во Европа според бројот на интернет-корисници

Според бројот на корисници, Русија на месечно ниво го зазеде првото место меѓу европски земји.

Според бројот на корисници, Русија на месечно ниво го зазеде првото место меѓу европски земји, изјавија во компанијата „comScore“ врз основа на анализата на главните европски трендови во 2012.

Секој месец рускиот Интернет е посетен од 61.300.000 луѓе, што претставува 15% од сите интернет-корисници во Европа. Второто место го држи Германија со 52,4 милиони корисници, а трета е Франција до 43 милиони корисници. Русија го зазема второто место според зголемувањето на бројто на интернет-корисници во 2012.

Освен тоа, Русија е меѓу првите три земји во Европа со најмногу прегледи на интернет-страниците од мобилните уреди. Пред Русија е само Велика Британија, каде бројот на мобилни посети изнесува речиси една третина од сите прегледувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња