Познат е мотивот за пукањето во Белгород

Медиумите го соопштија мотивот за повеќекратното убиство во Белгород.

Мотивот за повеќекратното убиство во Белгород е одбивањето на продавачите во продавницата „Лов“ да му продадат куршуми на Сергеј Помазов. Ова денеска го соопшти радиостаницата „ВестиФМ“.

Како што пренесуваат новинарите, Сергеј дошол во продавницата и побарај муниција, но продавачите одбиле да му продадат поради тоа што Сергеј бил осудуван, а со самото тоа - немал дозвола за оружје. Во тој момент тој рекол дека ќе се врати и сите ќе ги убие, но никој не ја сфатил сериозно заканата.

Сергеј Помазов украл оружје од татко му, отишол во продавницата „Лов“ каде ги убил тројцата продавачи, како и тројца случајни минувачи: маж и две ученички.

После тоа тој украл од продавницата оружје, избегал со BMW X5, кој наскоро после тоа го оставил недалеку од местото на убиствата.

Во моментов убиецот го бараат над 2.000 полицајци, пограничната полиција и царинарниците. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.