Патријархот Кирил: Емиграцијата го поттикнува криминалот

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, на состанокот со директорот на Федералната миграциска служба на Русија, Константин Ромодановски изрази загриженост поради порастот на бројот на криминални дела кои емигрантите ги вршат на територијата на Русија.

„Познато ни е дека емиграцијата повлекува со себе и пораст на криминалот, како и создавање на етнички криминални групи. Целосното неразбирање на локалната култура, локалниот јазик, локалните традиции и локалните обичаи често води до избивање конфликти“, изјави поглаварот на РПЦ.

Тој истакна дека економскиот раст бара постојана работна сила која не може да биде во целост обезбедена со внатрешни ресурси. Сепак, патријархот е уверен дека тоа е привремена појава.

„Нашата земја мора да тргне по патот на радикално решавање на демографскиот проблем. Од тоа зависи иднината на земјата, нејзиниот лик, нејзината духовна и културна суштина“, изјави поглаварот на црквата. Според неговото мислење, подобрувањето на демографската ситуација ќе даде резултати за 18-20 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.