Акцизите од алкохолот ќе одат на лекување наркомани и алкохоличари

Парите од акцизите за алкохол во Русија ќе бидат искористени за рехабилитација на наркозависниците и алкохоличарите.

Парите од акцизите за алкохол во Русија ќе бидат искористени за рехабилитација на наркозависниците и алкохоличарите. Оваа идеја беше покрената од централниот совет на партијата „Единствена Русија“. Сега членовите на Општествената палата подготвуваат законски проект кој планираат да го стават на разгледување во Думата во септември.

Станува збор за префрлање на дел од средствата од акцизите за лекување на зависниците. Во 2012 година од производителите на алкохол во буџетот се слеаја 6 милијарди евра.

За сметка на дополнителните приходи се планира изградба на клиники и рехабилитациони центри, воведување на програми со психотерапевтска помош и социјални услуги. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња