Началникот на Главниот штаб на Вооружените сили на Русија, генералот на армијата Валериј Герасимов, во неделата ја заврши работната посета во Куба и продолжува со посета на Никарагва, каде ќе престојува до 23 април, изјави Министерството за одбрана на Русија.
За време на посетата на Герасимов ќе се разгледуваат прашања од воената и воено-техничката соработка меѓу двете земји, како и учество во церемонијата за отворање на училиштен центар, именувам според познатиот советски маршал Георгиј Жуков, во кој ќе се обучуваат експертите на копнените сили на Никарагва.
За време на неговата посета, Герасимов ќе присуствува и на отворање на фабрика за рециклирање на застарената муниција, изградена со руска помош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче