Екипата на Русија е победник на европскиот шампионат по одбојка за јуниори (не постари од 18 години), кој заврши во градот Лакташи (Босна и Херцеговина). Во финалето екипата раководена од тренерот Александар Кариков ја победи екипата на Полска 3-1 (25:16, 25:18, 22:25, 25:21).
Руските јуниори станаа најсилната екипа на континентот по петти пат после победите во 1995, 1999, 2001и 2003 година. На последните два турнира во 2009 и 2011 година, Русите го зазедоа третото место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче