Русија се најде во извештајот на САД за нарушувања на човековите права

Администрацијата на САД го објави новиот извештај за состојбата со човековите права во целиот свет.

Администрацијата на САД го објави новиот извештај за состојбата со човековите права во целиот свет. Меѓу државите кои се повеќе критикувани - се најде и Русија.

Русија во извештајот на САД се обвинува за ограничување на граѓанските слободи, особено во делот на законите кои ѝ пречат на активноста на невладините организации, како и возможноста на правните органи да затвораат интернет-страници без соодветно решение од суд.

Сериозни нарушувања на човековите права, според извештајот, се извршени во републиките во Северен Кавказ.

Во Европа под критика се најдоа Украина и Белорусија. Посебна критика е дадена за изборите во Украина, за кои е спомнато дека се „чекор наназад“ во споредба со претходните избори, а за Белорусија, традиционално се забележува справувањето со демонстрациите и примената на сила. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња