Во центарот на Белгород непознат човек отворил оган по случајни минувачи, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на градското одделение на МВР.
Според податоците на полицијата, петмина загинале а еден е ранет. Убиени се тројца продавачи во продавница и двајца минувачи – маж и ученичка. „Меѓу убиените има ученичка во седмо одделение во локалното училиште. Таа била убиена на улицата“, пренесува изворот од полицијата.
Истрелите дошле од автомобил BMW X5 со црна боја. Напаѓачот избегал од местото. Полицијата го пронашла автомобилот во соседната населба, но напаѓачот веќе избегал.
На местото веќе работат оперативните одделенија на градот. Сета полиција во Белгород е вклучена во барањето на убиецот.
Пред да се изврши нападот, во една група на руската социјална мрежа „Вконтакте“ било објавено за кражба на оружје од локалната продавница „Лов“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче