Портпаролот на претседателот на Чеченија, Алви Каримов, изјави за „Интерфакс“ дека лицата „кои се осомничени за извршување на терористичкиот напад во Бостон немаат никаква врска со Чеченија“. Според податоците на медиумите, експлозиите во Бостон се дело на Тамерлан и Џохар Царнаев. Тамерлан е убиен на 19 април во текот на престрелката со полицијата во градот Вотертаун, недалеку од Бостон.
Како што изјави Алви Каримов, чеченските власти дознаел дека „семејството Цернаеви одамна се преселиле од Чеченија во друг регион на Руската Федерација, а од таму во Казахстан (руските медиуми го спомнаа Киргистан), а од таму емигрирале во САД. NBC News соопштува дека семејството се преселило во САД во 2002-2003 година.
„Според ова, лицата за кои станува збор биле во Чеченија само како мали деца, а каде станале ’лоши момци’, тоа е прашање на тоа кој и каде се воспитувани“, подвлече портпаролот Каримов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче