Руската компанија „Гаспром“ се најде на 17-то место во рејтингот Forbes Global 2000, во кој е собрана информација за две илјади најголеми компании во светот. Во минатата година гигантот од Русија кој се занимава со производство и продажба на гас се најде на 15-то место.
На второто место меѓу руските компании по големина се најде „Роснефт“, која е на 59-то место во светот. Веднаш зад таа компанија следува Сбербанк на 61-то место. Во стоте најголеми корпорации во светот, освен трите државни гиганти, се најде и приватната компанија „Лукоил“ на 64-то место.
Во списокот со двете илјади најголеми компании во светот влегуваат 30 руски компании.
Најголема компанија во светот е кинеската Industrial & Commercial Bank of China.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче