Осомничениот за терористичката акција во Бостон, Џохар Царнаев ќе го брани државен адвокат, соопшти ТВ каналот Си-Би-Ес. Џохар е ранет во грлото и нема да може да одговара на прашањата на обвинителството.
Сенаторите-републиканци Џон Меккејн и Линдзи Грехем побараа тој да биде прогласен за учесник во бројни акции против САД, а соодветно - да биде сослушан во посебен режим и услови. Таков статус имаат затворениците во американскиот затвор Гвантанамо, во кој затворениците со години без судење се затворени и подложени за сурови мачења.
Според мислењето на републиканците, специјалните ресори мораат на било кој начин да добијат податоци за тоа како се извршени терористичките акции и дали се можни нови напади. Меѓутоа, заштитниците на човековите права остро истапија против таквите мерки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.