Авио-база на Авијацијата на Русија во Челјабинската област ќе добие нови бомбардери Су-34 (наречени „летачки тенк“) до 2015 година. Ова го пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на зборовите на генерал-мајорот виктор Севостјанов. Колку авиони ќе добие базата, не се уточнува.
Според активната државна програма за вооружување на Русија, предвидена е набавка на 120 вакви авиони до 2020 година. Руската воена авијација веќе доби 26 вакви авиони.
Су-34 е способен да развие брзина од 1.900 километри на час. Повеќе детали за авионот можете да видите на овој графикон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче