Руските единици во Абхазија во јуни ќе добијат 40 нови оклопни транспортери. Тоа ќе бидат модернизирани борбени возила БТР-82А, со дополнителна заштита и клима уред. Испораката ќе се реализира во рамките на руската државна програма за воени набавки за потребите на одбраната.
БТР-82А е модернизирана варијанта на руските оклопни транспортери БТР-80 и БТР-80А која е подобра од својот претходник во речиси секој поглед.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.