Русија во Советот на Европа ќе го постави прашањето за маршот на „Вафен СС“ во Латвија

Русија во Советот на Европа бара одговори.

Руска делегација планира во текот на следното заседавање на Парламентарното собрание на Советот на Европа да му постави прашања на комесарот за човекови права, Нилс Муижниески поврзани со кршењето на човековите права на руското малцинство во Естонија, на кое му е одземено правото да учи на својот мајчин јазик. Освен тоа, Русија ќе бара осуда за маршот на ветераните на „Вафен СС“ во Латвија, изјави претседателот на Комитетот на Думата за меѓународни работи, Алексеј Пушков.

„Би сакале да ја сфатиме улогата и должноста на Муижниески како заштитник на човековите права - дали е негова обврска да ги осуди ваквите маршеви кои се спротивност на сите можни норми од Нирнбершките процеси, а пред сѐ, спротивност на нормите на цивилизираниот свет. Освен тоа, сакаме да дознаеме дали тој планира да го постави прашањето за укинување на статусот апатриди  (лица без државјанство) кој постои во Латвија и Естонија (дел од населението таму после распадот на СССР не го доби државјанството на овие земји), изјави Пушков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња