Владата на Русија ќе издели 158 милиони долари во 2013-2015 година за финансирање на програмата за доброволно преселување во Русија на граѓаните кои во различни временски периоди емигрирале.
„Сумата за финансирање предвидена за оваа акција изнесува 63 милиони долари за оваа година и 95 милиони долари за следните две години. Наскоро ќе видиме дали ќе ни бидат доволни овие средства. Очигледно е дека при реализацијата на овие државни програми треба да се посвети поголемо внимание на контролата за трошење на овие средства“, изјави премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
Оваа програма постои од 2007 година, и истата предвидува компензациски исплати на руските граѓани кои се решаваат да се вратат во својата земја, покривање на нивните трошоци за транспорт, како и помош при добивањето стан. Според зборовите на Медведев, преселувањето на сограѓаните ќе помогне Русија да го реши демографскиот проблем и да привлече во економијата на Русија специјалисти.
Како што изјави министерот за регионален развој на Русија, Русија очекува враќање на 125.000 сограѓани во следниве три години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче