Путин: Русија е подготвена да пружи помош на Кина

Русија сака да помогне на кинеското население во Сечуан.

Владимир Путин упати сочувство до кинескиот претседател по повод земјотресот во покраината Сечуан, кој доведе до многубројни човечки жртви, соопшти во саботата прес-службата на Кремљ.

Путин изјави дека Руската Федерација е подготвена да пружи помош во отстранувањето на последиците од елементарната непогода, се кажува во соопштението. Силите на Министерството за вонредни ситуации се подготвени да укажат помош на населението во покраината, се наведува на интернет-страницата на министерството. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња