Нов робот-андроид се создава за вселенската индустрија

Руското претпријатие „Андроидна техника“ создава нов робот SAR-401 кој ќе биде наменет за вселенската индустрија.

Руското претпријатие „Андроидна техника“ создава нов робот SAR-401 кој ќе биде наменет за вселенската индустрија; уште од крајот на септември во центарот за подготовка на космонаути со него се извршуваат експерименти, им соопшти на новинарите Владислав Сичков, директор на компанијата.

Компанијата заедно со центарот за подготовка на космонаутите изврши истражување на можноста за искористување на човеколики роботи во вселената.

Како што уточни директорот на „Андроидна техника“, бидејќи во вселената нема потреба од движење со нозе, моделот вклучува „тело“ на роботот, два манипулатора и глава. Главното во овој систем се манипулаторите.

Роботот ќе може да се управува и на далечина - преку оператор од Земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.