НАТО учи од СССР

Алијансата побара помош од Москва.

Раководството на НАТО во текот на претстојното повлекување на војската од Авганистан во 2014 година, реши да учи од искуството на СССР. Според „Комерсант“, претставници на НАТО се обратиле кон Москва со молба руската страна да испрати материјали и анализи за повлекувањето на советските војски од Авганистан во 1989 година. Отсуството на официјално барање од „Комерсант“ го објаснуваат со одбивањето НАТО да стави знак „еднакво“ меѓу советскиот и НАТО контингентот во Авганистан.

Методите за повлекување на војската од Авганистан, НАТО сака да ги проучи врз основа на искуството на СССР. Само за потсетување, НАТО има ист број војници во Авганистан, како и СССР во 1988 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња