Книга, посветена на 50-годишнината од моментот кога за прв пат без увезени МиГ-21 во Индија, беше претставена денес во Њу Делхи. На свечената церемонија присуствуваа воени лица, поранешни пилоти, дипломати и претставници на руската корпорација „МиГ“.
„Повеќе од 260 ловци МиГ-21 до денешен ден сѐ уште се активен дел од индиската армија“, забележа Анил Кумар Браун. „Јас сум летал и на Јагуар и на други авиони, но моето срце уште е во МиГ-21“, додаде тој.
Книгата „Од почетокот и до крајот: 50 години МиГ-21 во служба на ВВС“ - претставува зборник на статии во кои се рефлектира историјата на овој авион во Индија.
Договорот за испорака на МиГ-21 во Индија беше потпишан во 1962 година, а испораките започнале една година покасно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче