Шувалов: бизнисот и чиновниците во РФ немаат стимули за модернизација

Руските претприемачи и чиновници немаат мотиви за модернизација, смета првиот вице-премиер на Русија, Игор Шувалов.

Руските претприемачи и чиновници немаат мотиви за модернизација, смета првиот вице-премиер на Русија, Игор Шувалов.

„Мене често ме критикуваат, но јас го кажувам тоа што мислам дека е правилно: кај нас нема мотиви за промени“, изјави Шувалов. „Во моментов нема импулси и мотив за измени дури и во големите корпорации. И така тие заработуваат милијарди долари. Што воопшто те приморува нешто да направиш? Што ќе ти е да се грижиш за нови производи? Ако си среден претприемач, ситуацијата е малку поинаква... А ако си мал претприемач - седиш во сивата или црната зона, и сосема не ти е важно да преминеш на светлата страна на економијата и да работиш цивилизирано“, додаде вице-премиерот.

Процесот на модернизација на економијата на Русија треба да се основа на две главни составни елементи: нова класа на претприемачи и нова класа бирократија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња