Осомничените браќа за нападот во Бостон легално престојувале во САД

Престојот на Џохар и Тамерлан Царнаеви на територијата на САД било легализирано од страна на американските власти.

Престојот на Џохар и Тамерлан Царнаеви на територијата на САД било легализирано од страна на американските власти, а самите браќа биле регистрирани и како избирачи, што сведочи дека тие имаат американско државјанство. Според документите на регистарските служби на САД, браќата имаат право на глас во државата Масачусец.

Според соопштението на каналот ЦБС, Џохар Царнаев добил американско државјанство во 2012 година, и, како за иронија, тоа се случило на 11 септември - денот на годишнината од терористичкиот напад во Њујорк и Вашингтон.

Освен тоа, браќата добиле броеви за социјално осигурување кој им се дава на граѓаните на САД кои имаат „зелени карти“, а исто така и на странците кои легално добиваат дозвола за работа од министерството за внатрешна безбедност. Тие биле регистрирани во градот Кембриџ, каде сега се спроведува акција за пронаоѓање на Џохар Царнаев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.