Руските космонаути Павел Виноградов и Роман Романенко во петокот го направиле првото излегување во вселената. Освен ова излегување, ним им претстојат уште три излегувања надвор од Меѓународната вселенска станица. За Виноградов ова е веќе седмо излегување на „вселенска прошетка“ (вкупно поминал 31 час и 41 минута во отворена вселена).
„Една од задачите на ова излегување е монтажа и приклучување на опрема за вселенски експеримент кој има за цел истражување на влијанието на плазмените процеси на големите вселенски апарати со јоносферата“, изјави претставник од Центарот за управување со летови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче