Директорот на руската Пошта е отпуштен

Владата на Русија го прифати решението за давање отказ на директорот на Поштата, Александар Киселев, соопшти на РИА Новости извор во кабинетот на министрите.

Владата на Русија го прифати решението за давање отказ на директорот на Поштата, Александар Киселев, соопшти на РИА Новости извор во кабинетот на министрите.

„Решението за отказ на раководителот на Поштата е прифатено од владата. Сега се решава прашањето кој ќе биде следниот човек кој ќе дојде на таа функција“, изјави соговорникот.

Киселев раководел со Поштата од февруари 2009 година. Ситуацијата во Поштата е тешка: од 42.000 нејзини одделенија, околу 70% не се профитабилни, речиси сета инфраструктура, создадена уште во времето на СССР - веќе е одамна „плаче“ за ремонт, потребна е замена на автомобилскиот парк, изградба на автоматизирани центри за сортирање (во моментов 65% од писмата се сортираат рачно). Само во 2009 година Поштата пријавила повеќе приходи отколку расходи. Во почетокот на минатата недела во московските аеродроми се насобраа околу 500 тони меѓународни пратки кои бараа навремена царинска контрола. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња