Бостонскиот терорист излезе дека е Чеченец од Киргистан

Во САД го бараат 19-годишниот американски граѓанин Џохар Царнаев, осомничен за организација на терористичкиот напад во Бостон.

Во САД го бараат 19-годишниот американски граѓанин Џохар Царнаев, осомничен за организација на терористичкиот напад во Бостон.

Како што дозна „Известија“, 19-годишниот Џохар Џарнаев навистина дошол во Америка од Махачкала (Дагестан).

Целото семејство дошло од Киргистан во САД, каде Џохар почнал да учи во второ одделение.

Како што се наведува во информациите од руската социјална мрежа „Вконтакте“, Царнаев е роден на 22 јули. Тој не е женет и зборува англиски, руски и чеченски.

Во 2011 година Царнаев го завршил училиштето во Бостон. На неговиот профил е напишано дека негови главни цели се „исламот, кариерата и парите“. Последен пат Царнаев ја посетил страницата на руската социјална мрежа на 19 април 2013. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња