Регионите во Русија пресметаа дека за создавање инфраструктура за Светскиот шампионат по фудбал во 2018 година ќе треба двапати повеќе средства, отколку што било предвидено претходно.
Единаесет градови во Русија каде ќе се одржи во 2018 година светското првенство во фудбал пресметаа дека ќе им бидат потребни околу 32 милијарди евра за организирање на овој настан. Претходно беше оценето дека ќе се потрошат за фудбалското првенство околу 16 милијарди долари, но потоа цифрата се искачи на 28 милијарди, а сега истата достигна 32 милијарди евра. Само за споредба - Олимпијадата во Сочи веќе ја чини Русија 37 милијарди евра, со што ова е најскапата Олимпијада било кога одржана.
Треба да бидат изградени стадиони, бази за тренинзи, ремонт на аеродромите, патиштата околу нив, изградба на брза железница, модернизација на градската комунална и транспортна инфраструктура, патиштата, нови метро станици (во Самара) и т.н.
И не само тоа - оваа гигантска сума некои ја сметаат за „почетна“, што значи дека можеби уште ќе расте.
Од сите 11 градови во кои ќе се одржуваат фудбалските натпревари, само 4 можат самостојно да ги финансираат сите трошоци: Москва, Санкт Петербург, Татарстан и Краснодарскиот крај. Останатите ќе користат средства од федералниот буџет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче