Томскиот државен универзитет ја возобнови традицијата на јавни лекции за граѓаните

Јавни лекции ќе се одржуваат за сите заинтересирани жители на Томск.

Јавни лекции ќе се одржуваат за сите заинтересирани жители на Томск во рамките на проектот „Отворен универзитет“. Истите ќе бидат реализирани од страна на најдобрите професори на Томскиот државен универзитет (ТДУ), изјави првиот проректор на овој универзитет, Едуард Галажински.

Според информациите на проректорот, во Томскиот универзитет регуларно ќе се одржуваат бесплатни лекции за жителите на градот и областа. Нив ќе ги водат најдобрите наставници во универзитетот. Овој проект е посветен на 135-годишнината од создавањето на универзитетот.

„Професорите од ТДУ до револуцијата предаваа јавно на регуларна основа... Универзитетот традиционално има две улоги - наука и образование. А денес ние ја враќаме и третата улога - учество во развојот на регионот. Имаме најдобри наставници и заинтересирани жители. На жителите на Томск им е интересно сѐ: наука, политика, литература и уметност“, изјави Галажински.

Првата лекција во рамките на „Отворениот универзитет“ веќе ја одржи професорот Виталиј Киселев, кој предава на Филолошкиот факултет на тема „Семиотските детективи на Умберто Еко: човек, знак, мит“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња