Терористите кои го извршија нападот во Бостон најверојатно се од Русија

Агенцијата Associated Press, повикувајќи се на неименувани извори, соопштува дека осомничените за терористичкиот напад во Бостон имаат потекло од еден од руските региони кои граничат со Чеченија.

Агенцијата Associated Press, повикувајќи се на неименувани извори, соопштува дека осомничените за терористичкиот напад во Бостон имаат потекло од еден од руските региони кои граничат со Чеченија.

Еден од осомничените е убиен, а вториот се наоѓа во бегство.

Како што потврдува новинската агенција, 19-годишниот Џохар Царнаев успеал да побегне и да се скрие од полицијата. Тој живеел во еден од градовите околу Бостон речиси една година.

Според инфомацијата на американскиот телевизиски канал NBC, осомничените се браќа. Од раната здобиена од куршум починал 20-годишниот Ценраев, кој легално живеел на територијата на САД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња