Русија и Јужна Кореја ќе ги укинат визите

Русија во септември планира да потпише со Јужна Кореја договор за заемно укинување на визите за било какви патувања во рок од 30 дена.

Русија во септември планира да потпише со Јужна Кореја договор за заемно укинување на визите за било какви патувања во рок од 30 дена, изјави во четвртокот амбасадорот на Русија во Република Кореја - Константин Внуков.

„Јас мислам дека се наоѓаме на финалниот дел од создавањето на договор за безвизен режим во период до 30 дена. Има и друг предлог - да се зголеми времетраењето на безвизен режим до 90 дена“, додаде амбасадорот.

Освен овој договор, планирано е во септември да биде потпишан голем пакет документи и договори од неколку области, кои ги опфаќаат трговско-економските врски  научно-техничката соработка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња