Путин на „директна линија“ со народот на 25 април

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе одржи „директна линија“ со Русите.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе одржи „директна линија“ со Русите во живо на централните телевизиски канали и радиостаници на 25 април, пренесува прес-службата на Кремљ.

„На 25 април 2013 во 12 часот по московско време на каналите „Прв канал“, „Русија 1“, „Русија 24“, радиостаниците „Мајак“, „Вести ФМ“, „Радио Русија“ - ќе има специјална програма „Директна линија со Владимир Путин“, се кажува во соопштението.

Предвидено е во програмата да му се поставуваат на Путин не само од новинарите кои ќе бидат присутни, туку и граѓаните по пат на телефон или СМС порака. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња