Повеќе од 200 милиони евра ќе се потрошат за реставрација на културни објекти во Москва

Повеќе од 200 милиони евра ќе се потрошат во 2013 година за реставрација на дел од објектите од културното наследство на Москва.

Повеќе од 200 милиони евра ќе се потрошат во 2013 година за реставрација на дел од објектите од културното наследство на Москва, изјави раководителот на одделот за културно наследство на Москва, Александар Кибовски. Тој уточни дека минатата година за реставрација на 226 објекти биле потрошени 145 милиони евра, а годинава планирана е реставрација на уште 206 објекти.

Според неговите зборови, во последно време зголемена е активноста и инвестициите од приватниот сектор. Таквите инвеститори минатата година потрошиле околу 25 милиони евра за реставрација на 38 објекти, а оваа година е планирано приватните инвеститори да потрошат 50 милиони евра за реставрација на 64 објекти од културното наследство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.