Шефот на меѓународниот комитет на Думата, Алексеј Пушков, изјави дека Европската Унија како економско-политички модел го изгуби моралното право да дава препорки како треба да се развива Русија, и препорача истата да се занимава на сопствената трансформација.
„Со сета почит, но Европската унија после последната криза значително ја изгуби својата привлечност како модел кој заслужува да се подражава. Ние гледаме што се случува во Европа... судири на полицијата и демонстрантите од Лондон до Букурешт. И во тие услови да се зборува дека Европската Унија има апсолутно морално право некому нешто да му препорачува... мислам дека оваа теза нема биде прифатена од Русија“, изјави Пушков во Думата.
„Ние овде самите ќе решаваме како ќе се развиваме, во кој правец ќе се движиме. Тоа не е работа на Европската Унија“, додаде пратеникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче