Авијацијата на Воено-морската флота на Русија го доби својот прв нов транспортен авион Ан-140, им соопшти на новинарите претставник на ВМФ на Русија.
Авионот е создаден во самарската фабрика „Авиакор“, и истиот веќе се наоѓа на аеродромот на ВМФ - „Остафјево“. Ацијацијата на Русија ќе добие 8 вакви авиони, кои треба да ги заменат веќе застарените Ан-24 и Ан-26.
Ан-140 има 52 места, а максималниот товар кој може да го носи изнесува 6 тони. Максималната далечина на лет изнесува 2.320 километри, додека максималната брзина која може да ја постигне е 537 км/ч.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче