Шефовите на дипломатиите на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Ахмет Давутоглу ја потврдија намерата да ги развиваат и понатаму односите меѓу двете земји.
На седницата на Заедничката група за стратешко планирање на двете земји, министрите го разгледаа планот за зголемување на трговијата на 100 милијарди долари, како и проширување на инвестициската соработка. Двете страни го нагласија значењето на изградба на нуклеарната централа Акуја, гасоводот Јужен тек и нафтоводот Самсун-Чејхан, како и јакнење на стратешкото партнерство во енергетската област.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче