Сочи го решава проблемот со бездомните животни

Се преземаат сите можни мерки за што помирна Олимпијада.

Администрацијата на градот Сочи, градот во кој ќе се одржи Олимпијадата 2014, објави конкурс за лов и справување со бездомните кучиња и мачки. На овој начин предвидено е да се зголеми сигурноста на посетителите во овој град.

Локалните активисти протестираат, а пратениците во Думата сметаат дека го избрале најсоодветниот начин за справување со оваа ситуација.

Се предвидува за оваа цел да бидат издвоени околу 2,5 милиони денари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња