Не се исклучува можноста од епидемија на птичји грип во Русија

Експертите не ја исклучуваат можноста во Русија да се појави епидемија на т.н. „птичји грип“.

Експертите не ја исклучуваат можноста во Русија да се појави епидемија на т.н. „птичји грип“. Тоа би можело да се случи со новиот вид вирус H7N9, доколку истиот мутира и се пренесува од едно на друго лице. Меѓутоа во Руската академија за медицински науки кажуваат дека засега не се познати такви случаи.

На Русите им се советува да бидат внимателни и да го одложат секое патување во Кина. Според последниот извештај, таму 11 лица веќе починале од оваа болест. Официјално има уште 50 носители на овој вид вирус. Вакцина против овој вирус засега не постои - кинеските научници најавија дека истата најверојатно ќе биде создадена за половина година.

Засега сите кои доаѓаат во Русија од Кина се тестираат. Главниот санитарен лекар на Русија, Генадиј Онишченко не ја исклучува можноста да биде забранет увозот на некои производи од Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња