„Ние ќе примиме делегација од ’Камаз’ кон крајот на мај за да разговараме за деталите околу создавање на фабрика за производство на камионите на оваа компанија во Бразил, но ќе разговараме не само за камиони, туку и за машини за земјоделството“, изјави гувернерот на бразилската сојузна држава Пиауи, Вилсон Нунес Мартинс. „Преговорите веќе се во тек“, потврди претставник на „Камаз“, „но параметрите на проектот никој не ги објавил“.
Отворањето на фабрики за производство во странство е предвидено според стратегијата за развој на „Камаз“ до 2020 година. Засега овие камиони се произведуваат во Казахстан, Виетнам, Индија, Летонија. Во секоја од овие држави се произведуваат од 2.000 до 5.000 камиони годишно.
Инвестициите во новата фабрика ќе изнесуваат од 10 до 15 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче