„Јужен тек“ ги зеде ракометарите

Гаспром со нови планови во спортот.

„Гаспром“ ја продолжува политиката на создавање на наднационални спортски лиги со руски капитал. Деновиве беа потпишани документи, според кои оваа компанија станува основен спонзор на ракометната лига во која влегуваат клубовите на Србија, Хрватска, Македонија, Босна, Унгарија, Словачка, Белорусија, Црна Гора, и секако - Русија. Официјалното име на новиот шампионат е „Јужен тек“, со што јасно се става до знаење какви цели има „Гаспром“.

Руската компанија ќе ги преземе врз себе трошоците за пат и сместување на екипите, а возможно е и обезбедување на фонд за премии.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.