Министерството за здравство подготви предлог-закон за осигурување од лекарски грешки, според кој во случај на смрт - сумата која ќе се исплати изнесува околу 70.000 долари, изјави портпаролот на Министерството, Олег Салагај.
Основната задача на законот е да се заштитат интересите на населението при давање на медицинска помош.
Овој закон ќе го воведе и поимот „лекарска грешка“, активност поради која е нанесена штета на здравјето на човекот, појасни Салагај.
„Експертите проценуваат дека во Русија годишно има од 40 до 50.000 лекарски грешки“, изјави Салагај, додавајќи дека официјална статистика за лекарските грешки во Русија нема. Во САД постои статистика: поради неправилно лекување секоја година умираат 100.000 луѓе. Русија има двапати помалку население, што значи дека може да се претпостави дека бројот на лекарски грешки е 50.000 годишно.
Според зборовите на Салагај, медицинските организации ќе бидат обврзани да ги осигуруваат пациентите. Моралната штета нема да биде причина за компензација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче